Прилепчанец останал и без 9.000 евра и без возило

506

Во Полициската станица Прилеп, Ф.И. (31) пријавил дека пред еден месец на интернет страна „мобиле.де“, страна од Р.Германија на која се поставуваат разни огласи, забележал оглас на кој се продавало работно возило-бетон пумпа „Мерцедес Бенз Акторс“, на кој имало и податоци за лицето за контакт Р.Б. и бил оставен контакт телефон и меил адреса.

Пријавителот остварил контакт со лицето Р.Б. кој се претставил како овластено лице на правното лице „MK Еексклузив Гмбх“ од Р.Германија, во чија сопственост било возилото за продажба и преку меил му испратил податоци за возилото односно примерок од сообраќајна дозвола.

На 19 април пријавителот уплатил 9.000 евра и податоците од уплатата ги доставил преку интернет пошта на пријавеното лице и се договориле на 26 април да остварат средба во Р.Германија. Пред договорената средба, пријавениот побарал дополнителни 10 отсто од висината на продажната цена на возилото, со образложение дека за возилото имало заинтересирани купувачи кои нуделе повисока цена. Пријавителот не се согласил и побарал да му бидат рефундирани претходно уплатените парични средства.

Истиот ден пријавителот се обидел да оствари контакт со лицето Р.Б. меѓутоа на посочената адреса не постоело правно лице. Оштетениот настанот го пријавил и на германските полициски служби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...