Педесет и едногодишен маж од Прилеп вчера загина во сообраќајка која се случила на магистралниот пат Градско – Прилеп во близина на бензинската пумпа „Лукоил“.
Како што соопшти МВР, во 11.20 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Даф“ со приколка „Коегел“, со радовишки регистерски таблици управувано од Ј.П.(26) од Радовиш и патничко моторно возило „фиат фиорина“ со прилепски регистерски таблици, управувано од П.Т. од Прилеп. Oд здобиените повреди на местото на настанот починал возачот П.Т..
Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот.