Прилепските пензионери секој работен ден ќе може четири часа и тоа од 8 до 12 часот бесплатно да се возат со градскиот превоз. Ова денеска го одлучија Советниците на Општина Прилеп, односно изгласаа два часа плус бесплатен превоз за пензионерите.
– Една од поважните одлуки што ги донесе Советот, е да се воведе бесплатен градски превоз за пензионерите, односно граѓаните на општина Прилеп, со навршени 62 години ( жени) и 64 години (мажи). Ова беше надополнување на одлуката, што ја донесовме на претходната седница, со продолжување на бесплатниот превоз – соопшти Општината.