Приказна која го расплака светот: Дете пишува домашна под светлината на бандера! ВИДЕО

Полицијата одлучила да го објави видеото на својата официјална страница на Фејсбук, а деталите за случајот кој наскоро испливале на површина  расплакале многумина.

400

Локалната полиција во градот Мочео во Перу кон крајот на крајот на март годинава ги прегледувала безбедносните камери на улиците и забележалa нешто невообичаено – среде ноќ, во темница, забележале момче кое седи на тротоарот, а бидејќи во близина немало никој, помалку бизарната глетка најпрво кај полицијата поттикнала сомневања.

Дури откако ја зголемиле снимката, сфатиле дека момчето, всушност, пишува нешто во тетратката. Полицијата одлучила да го објави видеото на својата официјална страница на Фејсбук, а деталите за случајот кој наскоро испливале на површина  расплакале многумина.

Момчето на снимката е 12-годишниот Виктор Мартин Ангуло Кордова, а сиромаштија и живот без електрична енергија го натерало домашната работа да ја пишува на улицата, под светлината на уличната светилка.

Неговата посветеност кон училиштето снимено на безбедносните камери стана вирален хит – досега го погледале повеќе од пет милиони луѓе, а локалните новинари го пронајдоа и неговото семејство.

Се испоставило дека родителите на Виктор не можеле да си дозволат да спроведат електрична енергија во и така скромниот дом, па затоа момчето било принудено да учи со свеќа.

– Еден ден тој ми рече „Ако продолжам да го правам ова, ќе го изгубам умот! Подобро да излезам да ја завршам домашната задача – рекла мајката на Виктор, Роза Ангуло Кордоба. Таа додала дека на нејзиниот син, подгрбавен над свеќата честопати му се вкочувал вратот, но никогаш не ги игнорирал своите училишни обврски.

– Покрај сето тоа, тој редовно помага во домаќинските работа и ги чуванашите овци од кои, всушност, живееме – рекла мајката.

Откако приказна за Виктор стигнала во јавноста, градоначалникот на Мочеа ветил дека од сопствениот џеб ќе плати да се спроведе електрична енергија во домот на Виктор.

– Само сакам да му помогнам на моето семејство. Сакам да се едуцирам и да станам полицаец и да ја спречам корупцијата – рекол овој одличен ученик од шесто одделение.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...