Приведен 36-годишник од Крушево поради криумчарење на мигранти

395
Фото: МВР

Триесет и шестгодишник од Крушево бил приведен поради криумчарење на мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 09.30 часот во СВР Куманово биле приведен Ј.Х.(36) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. Истиот ден во 05.45 часот на автопатот Куманово-граничен премин Табановце полициски службеници забележале запрено комбе „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, како истовара мигранти. Во него биле пронајдени 45 лица- мигранти (42 од Пакистан, еден од Сирија и двајца од Авганистан), а возачот се дал во бегство, но подоцна бил пронајден во друго возило „голф“ и приведен – велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...