Приведен 19-годишен тетовец, сакал да силува 14-годишно девојче

203

Тетовската полиција приведе 19 годишно лице како осомничен за обид за обљуба на девојче на 14 години. Случајот се случил во неделата, во понеделникот го пријавила мајката на девојчето.

– Вчера 31-годишна тетовка во СВР-Тетово пријавила дека претходниот ден околу 14 часот, 19-годишен тетовец во неговиот стан ја повикал нејзината малолетна ќерка и во влезот од нивната зграда ја допирал по телото и се обидел да изврши обљуба, но не успеал, бидејќи девојчето избегало и ѝ раскажало на својата тетка. Момчето било лишено од слобода и задржано е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот – информира денеска СВР Тетово.

Ова е втор сличен случај за десетина дена. Во петокот 61 годишник беше притворен по што доби и притвор за полов напад врз девојче што не наполнило 14 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...