Полицијата го привела Г.С.(17) од Скопје поради тоа што на 15 септември во парк на ул. „АВНОЈ“ во Скопје со тврд предмет измачувал и усмртил две кучиња.
МВР денеска соопшти дека со него бил извршен разговор и по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесена кривична пријава по член 233 од Кривичниот законик.