Вчера околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ш.A.(17) од
Скопје поради тоа што пред угостителски објект на улицата Бајрам Шабани со остар
предмет му нанел повреда на Ш.J.(20) од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Ш.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош. Ш.A. е задржан во Полициската станица Бит Пазар и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од МВР.