Приведен скопјанец се повредил со стаклен предмет, повреден и инспектор

270

Приведено лице од Скопје вчера се повредило со стаклен предмет во просториите на СВР Куманово додека со него разговарале полициски службеници, соопшти кумановската полиција.

– Настанот се случил вчера при разговор со С.С. од Скопје, кој бил лишен од слобода во врска со кривични дела сторени на подрачјето на СВР Куманово. Тој со стаклен предмет неколку пати се удрил, по што бил спречен да се повредува и му била укажана лекарска помош, се наведува во соопштението на полицијата.

Со повреди се здобил и инспектор од СВР Куманово, кој се обидел да го спречи С.С. да се повредува. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...