Во Франција приведен е новинарот Таха Бухафс, бидејќи на социјалните мрежи објави дека претседателот Емануел Макрон се наоѓа во париски театар.
– Се наоѓам во театарот „Буфе ди Норд“. Три реда позади претседателот на Франција. Некои демонстранти се тука и ги повикуваат сите да дојдат. Подготовките се во тек. Вечерва би можело да има дешавка, напишал Бухафс.
Силите за безбедност на Франција го евакуираа претседателот од театарот во Париз поради напад на антивладините демонстранти.
Поголема група демонстранти се собрала пред театарот откако на социјалните мрежи е објавена информацијата дека Макрон се наоѓа во зградата на театарот.
Sortie du Président Emmanuel Macron du théâtre des Bouffes du Nord (Paris, 10eme) sous tension…
Charge policière pour la sortie du cortège présidentielle sous les sifflets de manifestants contre la réforme des retraites. pic.twitter.com/hwwzd3rT3l
— Albert Dulac 1725 (@AlbertDULAC) January 18, 2020