Приведен малолетник од Виница затоа што снимал и навредувал полицајци

436

Малолетник навредувал полицајци па бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Неготино до целосно документирање на случајот, по што, ќе биде поднесена соодветна пријава. За ова попладнево информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Вчера кај селото Црвени брегови, Неготинско при сообраќајна контрола на товарно моторно возило марка „сканиа“ со скопски регистарски броеви и управувано од Л.Д. (24) од Виница, се констатирани повеќе прекршоци. Потоа  е побарано од возачот во придружба на полициски возила да се упати кон Полициската станица – Неготино. Кога стасале кај  железничкиот премин,  колоната била пресретната од автомобил марка „сеат  алтеа“ со тетовски регистарски броеви и и било попречено движењето. Во моментот кога реагирале полициските службеници, неовластено биле снимени од седумнаесетгодишен малолетник од Виница со неговиот телефон. По барање од полициските службеници да им го предаде телефонот,  малолетникот одбил да го даде и почнал да ги навредува – појасни Додевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...