Полициски службеници од Сопот при вршење патрола вчера го забележале и спречиле К.Д.(55) од Кина илегално да ја помине државната граница од Србија кон Македонија.
МВР денеска соопшти дека настанот се случил во 12.10 часот во реонот на село Лојане, Општина Липково, во близина на „Миратовачки пат“.
К.Д. е приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.