Приведен даночник во Скопје за примање поткуп

1010
Вработен во Управата за јавни приходи во Скопје со иницијали Љ.С. е приведен поради примање поткуп, дознава неофицијално Плусинфо од извори во истрагата.
Приведувањето на даночникот се случило денеска околу 13 часот додека тој седел во кафуле во Трговскиот центар Зебра во Скопје. Како што дознаваме, женско лице му дало плик со пари кој уапсениот го земал, а по што му биле ставени лисици на рацете.
Полицијата работи на случајот, а извори од истрагата засега не ја откриваат висината на поткупот со кој требало да биде подмитен вработениот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...