Приведено момче на гласачко место, навредувало граѓани и нападнало полицаец

Дваесет и двегодишен скопјанец денеска го нарушил јавниот ред и мир на гласачкото место во Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром. Тој навредувал граѓани и физички нападнал полициски службеници. 

321

Како што соопшти МВР, лицето е приведено во Полициската станица Аеродром и е утврдено дека се работи за К.Ж. (22) од Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

По инцидентот, пред училиштето има засилено присуство на полиција, а  гласањето се одвива.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

loading...