Приведени 10 учесници на синоќешниот протест пред Собранието

За време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група лица кои биле маскирани со „фантомки“, кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел (незапален).

942

Десет лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир за време на вчерашниот протест пред Собранието на Република Македонија против договорот за менување на името.

– За време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група лица кои биле маскирани со „фантомки“, кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел (незапален). Во Полициската станица Центар, поради нарушен јавен ред и мир се приведени 10 лица – соопшти денеска МВР.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...