Приведени тинејџер и 22-годишник, со закана одзеле 70.000 денари

290

Приведени биле тинејџер и 22-годишник, кои со закана одзеле 70.000 денари, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера околу 07.30 часот влегле во куќа на улицата „Вера Циривири“ во Велес и од сопственичката Б.М.(68) со закана одзеле кесе во кое биле парите, по што го напуштиле местото на настанот. По преземени мерки од страна на полициски службеници лишени од слобода се двајцата сторители, Е.М.(22) и 16-годишникот, при што кај нив се пронајдени одземените пари и истите се вратени на оштетената – велат од МВР.

По целосно документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...