Три лица на возраст од 18, 19 и 20 години се приведени поради сомнение дека планирале да нападнат муслимани во мал град во близина на Олбани, главниот град на американската држава Њујорк.
Во куќата на нивни малолетен помошник биле пронајдени три бомби, соопшти локалната полиција и додаде дека во рамките на акцијата биле откриени и повеќе од 20 парчиња оружје.
Властите дејствувале по дојава од дете кое учело во исто училиште со 16-годишниот помошник на осомничените.