Тетовската полиција вчера од 23 часот до 4 часот спровела акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, тетовско сопственост на Х.А.(29) од Боговиње.
При контролата, во објектот биле затекнати пет странски и шест македонски државјанки.
Петте женски лица од Република Србија на возраст од 21 до 29 години приведени се во Полициската станица Тетово и по кусото задржување, предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.