Приведени и повредени во инциденти во Солун

Група маскирани лица, беа спречени да влезат во објектот на солунскиот саем, каде што се одржи дискусијата и ја нападнаа полицијата со палки, дрва, мермер, камења, ја откорнаа метална заштитна ограда, додека пак полицијата одговори со употреба на солзавец.

187

Околу три часа траеја инцидентите во Солун поради политичката дискусија „Македонското прашање: придобивките од договорот и перспективите на Балканот“ организирана од СИРИЗА, јавија локалните медиуми.

Пет лица се уапсени, 14 полицајци биле пренесени во болница за да им се пружи прва помош, а предизвикана е материјална штета околу Меѓународниот саем, во центарот на Солун.

Група маскирани лица, беа спречени да влезат во објектот на солунскиот саем, каде што се одржи дискусијата и ја нападнаа полицијата со палки, дрва, мермер, камења, ја откорнаа метална заштитна ограда, додека пак полицијата одговори со употреба на солзавец.

Подоцна, инцидентите се префрлија низ улиците на Солун, а маскираните лице запалија канти за отпадоци.

Паралелно со инцидентите група граѓани од „Движењето свирам“, мирно протестираа со грчки знамиња, свирчиња и слогани дека Македонија е грчка.

Со оглед на тоа дека навивачите на фудбалскиот клуб ПАОК, повикаа на протест и се заканија дека нема да дозволат да се одржи настанот, од СИРИЗА преку соопштение бараат фудбалскиот клуб да ги осуди инцидентите.

– Инцидентите што се случија пред настанот на СИРИЗА во Солун не ги изразуваат ниту граѓаните на Солун, ниту било кој демократски граѓанин, ниту било кој здрав навивач на клуб – соопштуваат од СИРИЗА.

Пратеникот на СИРИЗА од Солун Триандафилос Митафидис, пак, кусо пред почетокот на дискусијата рече дека договорот е пораз за национализмот и во Грција и во Македонија, а победа на здравиот разум и на развојот на односите меѓу двете земји кои апсолутно ништо не ги разделува.

Како што јави дописничката на МИА од Грција, и покрај инцидентите и солзавецот пред објектот, дискусијата се одржа.

Првично, беше планирано настанот да се одржи во културен центар, но од безбедносни причини локацијата беше променета и презакажан за просториите на меѓународниот саем.

СИРИЗА организираше дискусија во Солун, за на граѓаните да им ги презентира придобивките од потпишаниот договор, додека пак како реакција и во знак на несогласување, навивачите на ПАОК, но и членови на солунско движење најавија протест.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...