Странски државјанки биле лишени од слобода по полициска контрола во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово, сопственост на А.Б.(41) од село Селце, тетовско, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
-Синоќа околу 01.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово затекнале 11 женски лица кои ги забавувале гостите во објектот. Седум од нив биле од Република Србија, две од Албанија и две од Македонија. Странските државјанки биле лишени од слобода и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка-велат од МВР.