Приведените 200 навивачи од Полска ќе останат во полиција дури не заврши натпреварот

1006

Неофицијално од МВР потврдуваат дека се приведени речиси 200 полски навивачи кои, како што објавивме претходно, денеска попладнето се степале во Градскиот парк во близина на стадионот.

 Проблематичните навивачи ќе останат во полиција додека не заврши фудбалскиот  натпревар меѓу Македонија и Полска за да се спречат други инциденти.
Навивачите од Полска и вчера предизвикаа нереди во Скопје, се степаа во кафуле на плоштадот Македонија.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...