Една жена е приведена под сомнеж дека предизвикала опожарување на автомобил во гостиварското село Чајле.
Според СВР Тетово, полициски службеници, ноќеска (24 декември), половина час по полноќ, ја лишиле од слобода Б.Ј. (29) од селото Балиндол. Таа се сомничи дека ден пред тоа (23 декември) во периодот меѓу 23.30 часот и 24 часот, опожарила патничко возило БМВ кое било паркирано во близина на куќата на неговиот сопственик С.Ј.(51) во гостиварско Чајле.
Опожарен бил предниот дел на возилото. Се расчистува и документира случајот.
Според сопственикот на опожареното возило, кој непосредно по избивањето на огнот ја затекнал осомничената, најверојатно станува збор за личност со психичко нарушување и дека таа пред десетина денови исто така запалила возило на друга локација.