Приватни аптеки: Заштитните маски поскапеа зашто добавувачите ги зголемија цените

343

Здружението на приватни аптеки соопшти дека сака да се огради од шпекулациите на одредени субјекти, дека во овие сериозни моменти на опасност од појава на епидемија од коронавирус, аптеките се ставаат во функција на профитери со неразумното покачување на цените на Заштитните маски за лице.

Точно е, посочуваат од Здружението, дека цените на заштитните маски се зголемени, но тоа е резултат на неколкукратно зголемените набавни цени од страна на добавувачите.

„Со вакви невистини се руши дигнитетот на аптеките кои се составен дел на здравствениот систем на државата. Воедно укажуваме дека фармацевтот во аптека, како најдостапен здравствен работник, секогаш е во функција на зачувување на здравјето на граѓаните, едукација за превенција и заштита од вирусни инфекции, како и евентуалната епидемија од коронавирус“, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...