Приватните специјализанти во октомври конечно ќе се опарат

124

Министреството за здравство соопшти дека Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на денешната седница донесе Одлука за исплата на месечен паричен надоместок на докторите запишани на приватна специјализација на конкурсот во јануари 2018 година со што се исполнети формалните услови за негова исплата за трудот и ангажманот на оваа група специјализанти.

– Pочнувајќи од месец јуни 2018 година, односно за повеќе месеци ретроградно, средствата ќе им бидат префрлени кога ќе се врши исплатата на плата во целиот здравствен сектор за месец сепетември, 2018 година, се наведува во соопштението.

Воедно, од Министерството за здравство изразуваат уверување дека, покрај нивото на разбирање за овој проблем од страна на докторите запишани на приватна специјализација на конкурсот во јануари 2018 година, соработката на стручно и административно ниво ќе продолжи во нагорна линија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...