Претставник на ОБСЕ: Шокиран сум од повикот за насилство врз новинарите на БИРН

689

Претставникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за медиуми Арлем Дезир синоќа изјави дека е шокиран од објавената видео-снимка на интернет, која е „отворен повик на насилство врз новинарите на БИРН Србија и Слободам Георгиев“.

– Шокиран сум од видеото што е поставена на интернет и претставува отворен повик против новинарите на БИРН Србија и Слободан Георгиев. Прикажувањето на новинари како предавници во Србија може сериозно да ја загрози нивната безбедност. Ги повикувам полициските власти под итно да го истражат случајот – напиша Дезир на Твитер.

На објавената снимка покрај БИРН и Георгиев, и порталите ЦИНС и КРИК се означуваат како „предавници“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...