Претставник на Бундестагот во Скопје: Не купувајте пратеници, најдете решение што поскоро

1074

Претставник на Бундестагот од партијата на Ангела Меркел, Торстен Фрај, денеска им порача на власта и на опозицијата да се сконцентрираат на барање решение со кое ќе се овозможи продолжување на процесот на имплементација на Договорот со Грција, наместо да се оди на предвремени избори.

Тој истакна дека спроведувањето на Договорот со Грција е единствениот начин за влегување на Македонија во евроатланското семејство и затоа што поскоро треба Владата и опозицијата да најдат политичко заедничко решение, но не со купување пратеници.

-Не се работи за тоа поединечни пратеници да се поткупат, туку се работи за тоа да се постигне најдоброто за државата. Од мое гледиште сметам дека Владата и опозицијата треба заеднички да најдат добро решение за добро на државата – порача Фрај.

Тој додаде дека има разбирање за тоа што во Македонија на луѓето им е тешко во однос на Спогодбата со Грција, но истакна дека нејзиното прифаќање е единствен пат за инеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО.

-Добро ве разбирам бидејќи се работи делумно за национален идентитет. Сепак, сметам дека е важно да се разгледаат алтернативите и можностите. Можно ли е навистина да се постигне подобра Спогодба, можно ли е да се оди по патот на интеграција во ЕУ и НАТО без оваа Спогодба. Ако сме искрени, ми се чини дека треба да кажеме оти ваква шанса нема да има доколку не се постигне Спогодбата. Тоа е одлука на македонскиот народ и одлука што треба да ја донесе македонското Собрание – додаде пратеникот Фрај.

Германскиот пратеник денеска зборуваше во рамки на Mакедонскo – германскиот форум „Градиме мостови – политики и економија“ во Скопје на кој свои пораки за излез од постреферендумската криза за да не дојде земјата во ситуација на економска и политичка криза, испратија и германскиот амбасадор во Макеонија Томас Норберт Герберих и Јоханес Раи, претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Германскиот амбасадор Томас Герберих, пак, повика опозицијата да не го блокира процесот и да се најде решение во Собранието.

Тој рече дека лично се надева оти опозицијата ќе се вклучи во процесот и нема да ја оддалечува земјата од Европската Унија и НАТО.

Претставникот на фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија, Јоханес Раи зборуваше и за пробемот на иселувањето од земјава.

– Веќе 3,5 години сум во Македонија и имав можност да запознаам многу луѓе. Мојот впечаток е дека се повеќе и повеќе граѓаните немаат желба да ги слушаат игрите на политичарите и да бираат она што се бара од нив „или си со нас или си против нас.- Триста илјади Македонци живеат во странство, меѓутоа има и други бројки кои велат дека тоа се можеби 400 илјади или половина милион. Никој точно не ја знае бројката на иселените Македонци – истакна Раи и додаде сега по референдумот не се потребни нови избори.

Според него, потребно е попис и прочистен Избирачки список.

-Простете што ќе го кажам и ова, но чудно е кога ни претседателот на Собранието не може да се најде на Избирачкиот список и не може да гласа на референдумот- вели Раи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...