Најдолгиот патнички авион на светот Боинг 777X вчера официјално е претставен во Управата на Боинг во главниот производствен погон на фирмата Еверет во Вашингтон.
Боинг планирал авионот да го претстави на јавноста во минатата среда, но церемонијата е одложена по падот на авионот на Етиопија Ерлајнс.
Официјалното претставување на авионот било скромно и е оддржано во главниот производствен погон за да им се оддаде почест на настраданите во Боингот 737 MAX8, јавува BBC.
Овој, 77 метри долг авион е многу поголем од својот претходнк 777-300ER и авионот Аирбус А340-600.
Боингот 777X е дури и малку подолг од досегашниот рекордер 747-8, најновата верзија на авионот Queen of the Skies.
Благодарејќи на својата должина, авионот е дизајниран така што во него може да се сместат помеѓу 400 и 425 патници во две класи. Бројот на седиштата ќе варира во зависност од барањата на одредени авиокомпании, но ова сигурно ќе биде најголем двомоторен авион на сите времиња кога следната година ќе почне да лета.
Boeing unveiled the new 777X to the employee today without media debut. Here are few photos of her from Boeing employees. Credit: Boeing Employee#777x #Boeing777X pic.twitter.com/z4L8Jkzrah
— Sam Chui (@SamChuiPhotos) March 13, 2019