Претставата „Том Соер“ и ревија на народни носии вечерва на „Скопско лето“

67

На „Скопско лето“ вечерва од 19 часот Театарот за деца и младинци ќе ја изведе новата претстава „Том Соер“ од Марк Твен во режија на Деан Дамјановски, која премиерно ја прикажа во мај.

Според режисерот Дамјановски, претставата е за „малиот голем човек“ Том Соер, идол на генерации деца кој нè потсетува дека во секој од нас лежи херој и сè што треба за да го разбудиме е да веруваме во себе.

Насловниот лик го игра Бојан Кирковски. Покрај него во актерската екипа се и: Мики Анчевски, Драган Довлев, Емра Куртишова, Мартин Јорданоски, Ненад Митевски, Винета Дамческа, Симона Спировска, Наташа Петровиќ и Марија Ѓорѓијовска.

Драматизацијата е на Горјан Милошевски, сценограф е Филип Коруновски, костимограф Елена Вангеловска, а изборот на музиката на Горан Трифуновски.

Од 20.30 часот пред Спомен-куќата на Мајка Тереза на денешната програма на „Скопско лето“ е и ревијата на македонски народни носии „Фолклорни допири“ на Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов“.

 

                                                                        

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...