Претставата „Тоби“ на Театарот за деца освои 5 награди во Подгорица

76

Претставата „Тоби“ на Театарот за деца и младинци освои пет награди на 7. Меѓународен фестивал за кукларство во Подгорица.

Како што соопшти ТДМ, „Тоби“ освои: Гран-при за најдобра претстава, Награда за најдобра режија за Драгослав Тодоровиќ, Награда за актерско мајсторство за Марија Ѓорѓијовска, Награда за најдобро техничко-естетско решение на кукли за Ирина Сомборац и Награда за најдобра претстава од Детското жири на фестивалот.

Следно гостување на претставата „Тоби“ ќе биде на фестивалот во Суботица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...