Претседател на почек

И сега бе друже, брату, Ѓорге, кеј Ви је патриотизмот? Таќе се прае? Како да живимо мие обичниве људи, кој не можемо да се задужуемо и да неплаќамо ка Вас? Како да закопамо сеќире и да забраемо кој шо ни праел и уште ни прае.

656

Убаво голтнав пред да Ви се обратам бидејќи тешко ми паѓа тоа што ќе го напишам во продолжение.

Почитуван претседателе патриотИванов (пак подголтнав), во продолжение ќе Ви се обратам на мојот мајчин тетовски јазик, кој е во официјална употреба кај сите во мојот град без разлика на вера и нација, патем, ќе го збогатам и колоритот на македонскиот стандарден јазик. Ако нешто не разбирате, најдете некој Македонец или Албанец од овој крај да Ви преведе. (За тетовски не ни треба твојот патриотскипотпис).

Значи ваќе:

Ми стигна фактура од АЕК да платим за годинава за Плус форте радио (кеј што сум газда) и да ти кажем право, се препотив три пута… И одма тражим кој ми дужи, иначе ако не платим, што би рекле тетовчани, га јадев стапот“, а радиово је едно од најстарите у Македонија.

И шо ќе видим, патриотско друштво ЃОН(таќе ги водим Ѓорге и Никола з’ш имаа сурат ка ЃОН), ми дужи паре за 7 АЕК-а или, да објасним, Ѓорге 2.000 евра од 2009 и другар му Никола 2.500 евра и тој туе таќе од 2011 година.

Па седим и се мислим и го сподељуем тоа со мои блискибрат ми Џемо одма ми га кажуе вистината у очи, он је Албанец, практичар:Па после мие ви праемо притисак, ви сметамо у бизнис, не ве сакамо… Ја одма сега би му отишол у Скопје да плати на рука или да даде од тиа машњете што ги носи од по 500 евра. Да даде 7 па да ги продадемо и да платиш, брат, концесија“.

Му викам: з’ш 7, тоа прае појќе од 2.000 евра?

Џемо вика: Носени са, а плус и он ги носел, не можемо цена да извадимо“.

Братот Бачо, адвокат, цепи од прва: Па шо не си му опнал тужба до сега, више ова ти је застарено“.

Ја му се вртим и го прашуем:А заш, бе брат, тој до сега не ми платил… намерно наручуел за на крај да не плати?“ Свите траа.

Им викам: „Ја ова го сфаќам ка притисак на медиуми“.

И свите се слажемо дека је тоа таќе.

И сега бе друже, брату, Ѓорге, кеј Ви је патриотизмот? Таќе се прае? Како да живимо мие обичниве људи, кој не можемо да се задужуемо и да неплаќамо ка Вас? Како да закопамо сеќире и да забраемо кој шо ни праел и уште ни прае.

Или уште дрн, дрн… Штетен договорот не го потпиешуеш… дрн, дрн… језик не го потпиешуеш, дрн, дрн, федерализација… дрн, дрн… кантонизација, дрн, дрн, га изгубифмо државата, брату патриот Ѓорге.

Види друже, брату Ѓорге (прво беше друже, гледам дека сега си брату), не се секирај, Џемо вика у Валандово нема ниеден цитирам „Шиптар да припари, мие смо за гра, јабуќе, пиперќе, кромид… До калинќе не ни је дојдено, немамо инфраструктура за продавање“, завршен цитат, али затоа свите, ка шо вика он, со македонските вистински патриоти ќе гласал на референдум за“.

Него да га решимо работава со борџов, з’ш ка што вика Балашевиќ: Јер друг је друг, а дуг је дуг“, да не бидеш кабает ако се затвори еден од најстарите медиуми у државава. Башка знаеш ваљда к’де је Тетово, уште ти чуам територија, иначе уше малу ка шо си почна, не знам кеј ќе бидеш прецедателу.

Еве ја ка патриот, не Ви тражим камата.

А Вие ка патриот, да га платевте основицата, а?

И за крај, да не биде не сум ти кажал, или шо би рекла теза ми Епса:Дете, убоо научи га гачката д’н се онадиш у жиот“.

Види сега…

Кој више нема да бидеш прецедателу патриот и кој ќе станеш обичен патриот“, немој да се зезнеш да наручуеш, а да не плаќаш.

З’ш знаеш, у оваја држава наручуаа а не плаќаа само патриотине што са шишани до тепе, што имаа тетоважа со Сл’нцено од Верѓина на грди, на лево рамо Ќосето, на десно Тодор Александров, а по ново и Заев на г’с… по мојте информације од кругоој блиски на жена ти, ти вакви тетоваже немаш.

Затоа плаќај, брат, кој нема да бидеш више прецедник патриот д’н се најде некој понервозен од мене, з’ш мие у Тетоо таквите шо наручуаа а не плаќаа, ги тресемо ка прут дур плата, без разлика на вера, нација и патриотизам, и без разлика на кој језик збора, ал је официјален ал не је (сум чул у Скопје било бетер).

Поздрав,

Небојша Карапејовски

Докажан патриот (што за тебе топраа треба да се утврди)

п.с. Да не се мучиш, Фактурата је број 34 од 14.4.2009

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...