Полицијата во Тунис го уапси кандидатот за претседател на земјата Набил Карои под обвинение за финансиски нерегуларности, иако од неговата партија Срцето на Тунис тврдат дека станува збор за политички мотивиран процес.
Според локалните медиуми Карои е уапсен на пат кон Тунис.
Судот му ореди притвор на Карои (56), кој се соочува со обвинение за затајување на данок и перење пари.
Медиумскиот могул Карои е еден од главните кандидати на претседателските избори во Тунис, кои треба да се одржат на 15 септмври годинава.