Според првичните неофицијални резултати на хрватската Државна изборна комисија, на претседателските избори, од пребројани 28,59 отсто од гласовите, во водство е поранешниот премиер од СДП Зоран Милановиќ за кого гласале 32,02 отсто од избирачите.
Втора е кандидатката на ХДЗ и актуелна претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ со освоени 27,99 отсто од гласовите. Трет е независниот кандидат Мирослав Шкоро со 21,78 отсто. Пребројувањето на гласовите продолжува.
Првичните резултати упатуваат на тоа дека Хрватска најверојатно новиот претседател ќе го избере во вториот круг кој би се одржал на 5 јануари. Тогаш, во потесна конкуренција за иден претседател би влегле Милановиќ и Грабар-Китаровиќ.