Претседателскиот кандидат Заев и Ахмети ќе го договараат до крајот на месецов

401

ВМРО-ДПМНЕ треба да се охрабри, да се одважи и да учествува на претседателските избори, иако најверојатно ќе изгуби, изјави Артан Груби пратеникот на ДУИ за најавата од ВМРО-ДПМНЕ за можен бојкот на изборот за шеф на државата.

Според него, до крајот на месецов треба да се сретнат претседателите на ДУИ и на СДСМ Али Ахмети и Зоран Заев и да го договорат кандидатот за претседател на државата.

– Во текот на овој месец, откако ќе завршат одморите, Ахмети ќе седне со Заев да разговараат околу претседателските избори. Нашите убедувања се слични и лесно можеме да постигнеме договор за да имаме заеднички кандидат кој најдобро ќе ги претставува граѓаните и ќе ја претставува реално кохезивноста на општеството – изјави Груби.

За барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори, Груби рече дека е против.

-Граѓаните не заслужуваат да бидат постојано во изборни циклуси –  рече тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...