Претседателот Пендаровски на средба со Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки

На средбата, претставниците од ова здружение го информираа Претседателот за нивните активности, како и за предизвиците со кои се соочуваат во нивната работа. Тие посочија дека се залагаат за унапредување на положбата на сестрите и акушерките на нивното работно место, проектирање на позитивен и реалистичен поглед на сестринството.

122

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими претставници од Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија, 

На средбата, претставниците од ова здружение го информираа Претседателот за нивните активности, како и за предизвиците со кои се соочуваат во нивната работа. Тие посочија дека се залагаат за унапредување на положбата на сестрите и акушерките на нивното работно место, проектирање на позитивен и реалистичен поглед на сестринството. Истакнаа дека лобираат на локално и национално ниво за да се развиваат и реализираат политики со кои ќе се подобрува квалитетот на негата на пациентите и со кои ќе се гради важноста на сестрите, акушерките и студентите по сестринство за реализирање на резултатите во здравството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...