Претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ денеска ќе претстојува во посета на Македонија и ќе се сретне со неговиот македонски колега Талат Џафери.
Предвидено е Брајовиќ да се обрати и пред пратениците во македонското Собрание по што ќе оствари средба и со Лилјана Кузмановска и членовите на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Црна Гора.