Претседателот на рускиот олимписки комитет, Александар Жуков, поднесе оставка.
Жуков изјави дека причина за таквата одлука е неговата желба целосно да се фокусира на неговата политичка кариера. Покрај тоа што е претседател на рускиот олимписки комитет, Жуков беше и заменик-претседател на рускиот Парламент, кој доаѓа од владејачката партија „Единствена Русија“.
Жуков е на чело на рускиот олимписки комитет од 2010 година, при што голем дел од времето беше принуден да одговора на обвиненијата за допинг од руските спортисти. На Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во февруари, на Русија не и беше дозволено да учествува под свое знаме поради таквите наводи.
Руската делегација на ЗОИ 2018 тогаш беше предводена од потпретседателот Станислав Поздњаков, кој ќе го наследи Жуков на функцијата.
ФОТО: EPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV