Претседателот, владата и министерствата се откажаа од пластична амбалажа

294

Претседателот, Владата, министерствата и органите во состав, секретаријатот и други стручни служби на Владата, како и Уставниот суд на РСМ, веќе нема да набавуваат вода и други пијалаци во пластична амбалажа.

Оваа одлука беше разгледана на владината седница што се одржа во Куманово во понеделникот. Владата ја задолжи Службата за општи работи и услуги да не набавува ниту пакувања на шеќер, пластични лажички за мешање кафе и други пијалаци, пластични сламки, пластични чаши и прибор за еднократна употреба.

„Се задолжува Службата за општи работи и услуги и сите министерства и органи во состав, секретаријати и други стручни служби на Владата на Република Северна Македонија кои непосредно набавуваат за свои потреби некои од наведените производи, при објавување на повик за јавни набавки да постават услов дека нема да ја склучи јавната набавка доколку производителот не докаже дека, најмалку за тековната година, ги спровел во целост обврските за проширена одговорност согласно со прописите за посебните текови на отпад и задолжително во понудата да се доставува и ‘Потврда за ослободување од плаќање на надоместок за управување со отпад од пакување“, односно ‘Потврда за склучен договор за преземање на обврска за постапување со отпадна опрема која е основа за ослободување од плаќање на надоместок за управување со отпадна опрема’ или, соодветно, ‘Потврда за ослободување од плаќање на надоместок за управување со отпадни батерии и акумулатори’“, се наведува во одлуката од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...