Претседателката на Институтот на сметководители злоупотребила 8 милиони денари

Злоупотребени се вкупно 7.994.00 денари во текот на 2017 година, од сметката на ИСК Македонија.

1819

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против две лица за злоупотреба на службена положба и противправно стекнување имотна корист.

Кривични пријави до Основното јавно обвинителство Скопје се поднесени против Л.П., претседател на Институтот на сметководители и овластени сметководители и С.М. во својство на овластено лице во Стопанската интересна заедница Национален комитет на Интернационална стопанска комора во Република Македонија Скопје (ИСК Македонија).

Л.П. искористувајќи ја својата службена положба како претседател на Институтот, потпомогната од второпријавениот С.М., во својство на овластено лице во Стопанската интересна заедница со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и за други физички лица на 2 јануари 2017 година склучила Договор број 0307/001 со ИСК Македонија, врз основа на кој Договор во повеќе наврати од банкарската сметка на Институтот префрлила пари на сметката на ИСК Македонија, по основ на фактури, во вкупен износ од 9.777.300 денари.

Парите потоа се исплатувале како надомест на поголем број физички лица, сите членови на Управниот одбор, Надзорниот одбор и комисиите формирани при Институтот за сметководители и овластени сметководители, без тие да извршат какви било услуги за потребите на комисиите формирани при Институтот за сметководители и овластени сметководители.

На овој начин во текот на 2017 година, од ИСК Македонија, исплатени се вкупно 7.994.00 денари, на поголем број физички лица, на име надомест за подготовка на обуки, надомест за консултанти ангажирани за експертиза од областа на даноците и сметководството, како и презентациски способности, за кој износ пријавените го оштетиле Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.

Пријавените договорот за експертиза го склучиле на подолг временски период, односно до 2021 година, сметајќи дека интересот за посетување обуки од сметководителите е голем и задолжителен и со тоа постојано ќе можат да се црпат средства од Институтот и тие ќе се префрлаат на сметките на експертите кои ниту подготвувале, ниту консултирале ниту презентирале каков било вид обуки за сметководители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...