Јавното претпријатие за државни патишта утре од 10 до 17 часот со специјално мерно возило ќе врши мерење на патот А1, делница Фаришка клисура – Прилеп.
Како што соопшти АМСМ, мерењето се состои од застанување на секои 100 метри на патот и мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар. Од Автомото друштвото замолуваат на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница.