Претладне сончево со засилен ветер, попладне дожд

144

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а преку ден со засилен јужен ветер. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд кои на места ќе бидат и поројни. Преку ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни во западните и северните делови каде на повисоките места ќе преминуваат во снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен.

Минималните температури од – 3 до 2 степена, а максималните од 7 до 16 степени.

Во Скопје сончево со променлива облачност и температура од – 1 до 13 степени.

За наредните три дена УХМР  најавува променливо облачно време со засилен северен ветар. Утре  и задутре ќе има локални слаби врнежи од снег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...