Претерувањето со Вијагра го оштетува видот

131

Британец зел 10 пати силденафил повеќе од вообичаено, па завршил со „дупка“ во видот и преголема чувствителност на светлина. Станува збор за активна состојка на Вијаграта, а мажот испил цело шишенце апчиња одеднаш, пишува „Дејли Меил“.

Кусо по ризичниот „потфат“, тој забележал дека е премногу чувствителен на посилна светлина и дека не може да гледа при намалено осветлување, како и кругови коишто му се јавувале пред очи.

Докторите потоа утврдиле дека има оштетување на мрежницата. За жал, ова може да се покаже неизлечиво.

Истражувањата покажуваат дека дури и двојната доза Вијагра, повеќе од препорачаната, може да предизвика оштетувања на видот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...