Четиринаесетгодишно момче било претепано синоќа околу 20 часот во Србија.
Како што пренесуваат српските медиуми, детето најверојатно е нападнато од роднина и тоа во најболен момент за сите.
Имено, до тепањето дошло по смрт на член на семејството, кога роднините се расправале околу поделбата на имотот.
Роднините одлучиле да си ги одмерат силите со физичка пресметка, а момчето го извлекло најдебелиот крај, пренесуваат медиумите.
Детето е однесено во болница кај неврохирург.