Животот ми го променија целосно – заслужуваат казната да ги стигне, таа вечер беше брутална и крвничка, вели за ТВ 24 полицаецот Филип Филиповски кој беше прободен со нож во дискотека на 23-ти март во скопско Марино.
За првпат по 22 дена, од кои 11 ги помина во болница полицаецот Филип Филиповски проговори јавно и опиша како бил нападнат од браќата Александар и Јордан Цветковски, инаку синови на екс- градоначалникот на Петровец и актуелен советник во МВР, Звонко Цветковски.
Целиот прилог можете да го погледнете ТУКА.