Претепана девојка, веќе нема да гледа со левото око: Не правете ја грешката што ја направив

942
ФОТО: Фејсбук

Триесет и едногодишната Адел Семпл го запознала Метју Хајес преку социјалните мрежи. Еден ден кога се враќала од продавница тој ја обвинил дека го изневерува, а потоа ја удрил со шаката и ја фрлил на подот, па продолжил да ја тепа. За среќа на лице место се нашол заеднички пријател кој веднаш повикал полиција, па Адел завршила во болница.

Насилникот е осуден на 29 месеци робија и пет години забрана за приближување на жртвата.

– Јас можеби повеќе никогаш нема да гледам со левото око, а тој ќе биде на слобода за година и пол. Само се надевам дека други жени нема да ја направат истата грешка како мене. Ако вашиот маж покаже и најмали знаци на агресија во врската, тогаш сигурно е насилник – изјавила Адел.

Таа во почетокот не знаела како Метју се однесува. Неговото вистинско лице го видела кога на една забава и пришло момче.

– Неколку дена се беше во ред, а потоа од никаде ќе ја започнеше таа тема. По расправиите ќе ми зборуваше колку ме сака и како не може да живее без мене. Јасно е дека само си играше со мојата глава, што очигледно палеше – појаснила таа.

Таа апелира сите жени што ќе видат дека нивниот партнер претерано ги контролира, да не чекаат да биде предоцна.

– Не ја правете грешката што ја направив јас – завршила Адел.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...