На 25.05.2018 година околу 10.30 часот во Полициската станица Драчево, И.Х (41) од с.Елово, скопско, пријавил дека на 24.05.2018 година околу 16.00 часот неговиот малолетен син видел како негов братучед го тепа неговото куче, кое подоцна починало.
Кога го прашал зошто го прави тоа, тој му се заканил дека ќе го застрела
со ловџиска пушка ако му каже на татко му. За настанот е известен Јавен обвинител.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.