Врсници претепале средношколец во Сараево поради кифла. Еден од напаѓачите го удрил со цигла во главата, па нападнатиот ја изгубил свеста, пренесува „Курир.рс“.
– Ме изненади тоа што полицијата го гледа ова како нарушување на јавниот ред и мир. Средношколецот можеше да настрада. Тој се онесвестил од болка. Дојде еден постар човек, па го подигнавме. Три минути го поливавме со вода за да го освестиме – рекол очевидец.
Учениците купувале ужина во пекарите кај училиштето.
– Се скарале, тој бил удрен поради кифла. Една девојка ми ја покажа циглата со која го нападнале – додал тој.
Нападнатиот со возило на Брза помош бил однесен во болница.
Нема информации дали полицијата ги пронашла напаѓачите, кои после нападот побегнале.