Денеска времето ќе биде претежно сончево и потопло. Преку денот ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Минималната температура во земјава ќе се спушти во интервалот од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени Целзиусови.
Во Скопје, сончево со умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 2 до 20 степени Целзиусови.
За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло со умерен, повремено засилен јужен ветер. Температурата на воздухот ќе има тенденција на покачување, освен утре кога се очекуваат пониски утрински температури. Во почетокот на следната недела ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд.