Македонскиот премиер Зоран Заев и претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск ќе одржат прес-конференција по денешната средба во Брисел.
Заев во Брисел ја предводи владината делегација во која се и вицепремиерите Радмила Шекеринска и Бујар Османи, како и шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Македонската владина делегација попладнево ќе има работна средба и со комесарот за соседска политика на ЕУ и преговори за проширување, Јоханес Хан.
Премиерот Заев утре ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по што е предвидена и заедничка прес-конференција.