По едночасовната средба на германската канцеларка Ангела Меркел со македонскиот премиер Зоран Заев во Владата, почна прес-конференцијата која може во живо да ја проследите.
Високата гостинка од Германија пред еден час на платото пред Владата со сите државнички почести беше пречекана од премиерот Заев и неговите најблиски соработници.
Меркел е првиот германски канцелар кој доаѓа во посета на Македонија.
Нејзината еднодневна посета е со цел да и даде јасна поддршка на нашата земја за Договорот од Преспа, но и да упати порака за успешност на референдумот со кој се отвораат вратите за евроатлантските интеграции на Македонија.