Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, денеска е во официјална посета на Македонија по повод две години од потпишувањето на Договорот за добрососедство.
Утрово неговиот колега, Зоран Заев, пред Владата го пречека со највисоки државни и воени почести.
Во 10.10 часот е најавена нивна заедничка прес-конференција, а потоа ќе заминат во црквата „Св. Спас“ каде што ќе се полонат и ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев.
Бугарскиот премиер во Скопје ќе има средба и со претседателот Стево Пендаровски.
Предвидено е Борисов и Заев потоа да заминат за Дојран каде што ќе положат цвеќе на споменикот на бугарскиот полковник од Балканските војни, Константин Каварналиев.